ООУ Коле Канински Битола

Во 1944/45 година започнало со работа четиригодишното училиште „Коле Канински“, кое името го добило во знак на сеќавање и благодарност за животот и делото на паднатиот борец за Македонија, Никола Тодоровски Канински од село Канино.

Во почетокот наставата се изведува во стара училишна зграда, лоцирана на левата страна од реката Курделес во близина на камениот мост. Работата ја започнало со четири одделенија од прво до четврто одделение со вкупно 148 ученици и 4 учители.

Од година во година бројот на ученици се зголемува, а со тоа и бројот на учителите. Со зголеумувањето на бројот на ученици во 1960/61 училиштето прераснува во осмогодишно и се вселува во нова зграда лоцирана на ул. „Бранко Радичевиж“ бб. Истата година кон училиштето се припојува и четиригодишното училиште во с. Поешево.

Во 1967 година се припојува и училиштето во с.Буково во кое се изведува настава од прво до осмо одделние заедно со четиригодишното училиште во с. Крстоар (ова училиште престана со работа во учебната 2004/05 гоодина). А во учебната 1982/83 се проширува со отворање на уште едно четиригодишно подрачно училиште во Буковски Ливади.

ОУ „Коле Канински“ располага со училишен простор од 1634 м², а вкупната расположива површина е 4026 м². Училниците се класично опремени и училиштето располага со скромен фонд на нагледни средства.

Во текот на своето шест децениско постоење, ОУ Коле Канински меѓу другите ги има добиено и Четвртоноемвриската, Првомајската и наградата Св. Климент Охридски